„Пандевци“ имаат лоши сеќавања од Тетово, Ренова се надева на прекин на кризата

Академија Пандев ќе игра за прекин на лошата низа на резултати во ПМФЛ и денес ќе има тешко гостување во Тетово кај Ренова, во рамките од 14. коло од тековната сезона.

Струмичани го загубија чекорот со лидерот Вардар со двата последователни кикса. Најпрво неочекувано загубија кај Борец, а потоа ремизираа на домашен терен против Работнички. Тоа им донесе заостанување од пет бода зад лидерот. Патувањата во Тетово, особено од соочувањата со „гипсарите“, не носат убави сеќавања кај „пандевци“. Во четирите средби тие немаат ниту една победа, две реми средби и два порази. Тоа дополнително ја покажува тежината на денешниот меч за тимот од „Младост“.

Тетовчани, пак, играат разочарувачка сезона која засега има носи место во долниот дел од табелата, на местата кои носат испаѓање од лигата. Цел месец и половина, Ренова не знае за победа во ПМФЛ, што е дополнителен мотив кај фудбалерите да стават крај на лошата серија. Последен успех им е оној над новајлијата Борец пред своите гледачи. 

Последни пет меѓусебни натпревари:

  • Академија Пандев - Ренова 2-0
  • Ренова - Академија Пандев 1-1
  • Академија Пандев - Ренова 2-1
  • Ренова - Академија Пандев 1-1
  • Академија Пандев - Ренова 0-2

Мечот се игра денес со почеток од 13:00 часот, а правдата ќе ја дели Дејан Јакимовски. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 14 9 3 2 20:6 14 30
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 14 7 5 2 16:5 11 26
3 ШкендијаШкендија 1 14 6 3 5 17:8 9 21
4 СилексСилекс 1 14 7 0 7 15:16 -1 21
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 14 4 6 4 14:14 0 18
6 ШкупиШкупи 3 14 4 6 4 14:12 2 18
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 14 5 3 6 13:18 -5 18
8 РеноваРенова 14 4 3 7 11:19 -8 15
9 БорецБорец 14 4 3 7 11:23 -12 15
10 РаботничкиРаботнички 14 3 2 9 10:20 -10 11