„Пандевци“ гостуваат кај лидерот, се наѕира нов тврд дуел крај езерото

Македонското првенство се враќа по репрезентативната пауза, а фокусот ќе биде вперен во Струга каде актуелниот лидер го пречекува тимот на Академија Пандев (недела, 15:00). По ремијата со Струга и Македонија Ѓорче Петров, стружани се разделија со тренерот Срѓан Захариевски. Некогашниот репрезентативец на Македонија три години со успех ја водеше екипата, оваа сезона ја стартува како историска, долго време го држеше тимот на лидерското место и плус обезбеди полуфинале во Купот, па спогодбениот раскин беше неочекуван.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Струга Трим Љум и Академија Пандев

На негово место дојде Шпетим Дуро, некогашниот тренер на Шкендија кој добро го познава мак-фудбалот и со него Струга забележа две победи и едно реми. Двете победи беа минимални, над Шкупи (2-1) и Работнички (1-0), па се очекува нов тврд дуел. Академија Пандев со Александар Васоски избега од зоната за испаѓање, но уште е во опасност. Иако посакува бодови на гостувањето кај Струга, тоа ќе биде доста тешка задача. На ова гостување, струмичкиот прволигаш нема ниту една победа, билансот е три нерешени и еден пораз во последното соочување во декември 2022 година (0-1).

Кога ќе се погледне меѓусебната традиција, Струга и Академија Пандев играат неефикасни натпревари. Само еднаш од десет натпревари паднаа повеќе од два гола. Пет од меѓусебните пресметки се нерешено, па така очекуваме да биде и овој пат. Бод многу ќе значи за Академија Пандев на гостувањето кај најдобриот домаќин во мак-фудбалот – Струга пред својата публика во единаесет натпревари има осум победи и три нерешени, со гол-разлика 18-5.

Квоти за останатите натпревари во ПМФЛ

И двата македонски прволигаши одиграа пријателски натпревари за време на репрезентативната пауза, двата меча беа ефикасни. Струга го победи Караорман со 8-1, додека Академија Пандев загуби од Силекс со 2-3. Сепак, на овој дуел не очекувајте многу голови.