„Пандевци“ ги зафати стомачен вирус, под знак прашалник мечот со Славија Софија

Академија Пандев

Фудбалерите на Академија Пандев моментално се на подготовки во Разлог, каде денес треба да ги одмерат силите со Славија Софија.

Сепак, мечот е под знак прашалник поради здравствените проблеми со кои се соочуваат неколку фудбалери на струмичкиот прволигаш. Поради стомачен вирус надвор од тренажен процес се Марко Алчевски, Кристијан Стојкоски, Томче Илиев, Давид Атанаскоски, Михаил Маневски, Глигор Дончев и Ѓорги Танушев.

Медицинската екипа на „пандевци“ на секој начин се обидува да им помогне на играчите со цел нивно побрзо заздравување и враќање на подготовките со својата екипа.

На првите два контролни натпревари, македонската екипа победи против Локомотив Пловдив и Берое.

Мечот против Славија Софија е закажан за денес со почеток од 16:00 часот.