ВИДЕО: Пандев започна од првата минута, Џенова одново ги разочара фановите

Сасуоло

Сасуоло застана на местото на Рома, кое носи место во Европската конференциска лига, со денешното гостинско славје кај Џенова (1-2) во 35. коло од Серија А.

Горан Пандев ја започна средбата од првата минута. Неговото присуство на теренот не го искористи домашниот тим за да избегне уште еден пораз на „Луиџи Ферарис“.

  • Извештај од натпреварот:

Гостите одиграа рутински 90 минути, во кои постигнаа два гола. Првиот беше дело на Распадори. Во првиот дел Пандев бараше најстрога казна, при еден момент пред гостинскиот голман, но судијата одмавма со рака и остави играта да продолжи.

Македонскиот репрезентативец беше заменет во 68. минута. Неколку моменти претходно, Берарди искористи една грешка за да донесе двојна предност.

Честа на домаќинот ја спаси Запакоста. Дефанзивецот во финишот ја преполови негативата, но тоа не го промени името на победникот и освојувачот на трите бода.

Џенова до крајот ќе трепери за опстанок, со оглед на двата порази во низа.