Пандев: Во минатото имавме проблеми со ривали како Гибралтар, но овaа генерација е најдобрата!

Во неделата во Реџо Калабрија, Горан Пандев го постигна својот прв гол во сезоната за Џенова, со што 15-та сезона е стрелец во Серија А, што е постигнување за целосен респект. Сега, капитенот ќе ја поведе националната репрезентација кон нов почеток, за нас толку очекуван. 

На средбата со новинарите еден ден пред дебито во Лигата на нации во Гибралтар, Пандев рече:

„Моето искуство е големо, но утре играме со непозната репрезентација. Но, во минатото сме имале проблеми со вакви селекции. Затоа треба да влеземе многу сериозно, играме на мал стадион, терен со вештачка трева, но верувајте оваа генерација е една најдобрите во нашата историја. Фаворити сме и подготвени за предизвикот кој што е пред нас“.

35-годишниот напаѓач запиша 94 натпревари во дресот со државниот грб и ако ги одигра квалификационите натпревари ќе ја мине „стотката“ и првиот на нашата вечна листа по бројот на настапи, Гоце Седлоски.