Пандев вечно ќе го памети 22 мај: Трофеј во ЛШ, историја и во Купот

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев несебично вложува во својата Академија во изминатите години, па трудот се исплати, затоа што „академците“ дојдоа до трофеј во Купот на Македонија.

Денешниот ден, 22 мај, засекогаш ќе остане врежан во историјата на клубот, но е многу значаен и за нашиот најдобар фудбалер. Интересно е што Горан Пандев на 22 мај стана шампион со Интер во Лигата на шампионите, а исто така на 22 мај, неговата Академија Пандев го освои првиот историски трофеј по влезот во елитата.

Академија Пандев имаше одличен настап и во Првата македонска фудбалска лига каде заврши на третото место и ја чека настап во квалификациите за Лига Европа, за првпат во својата историја.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија