Пандев: Вакво нешто не сум доживеал, овој меч ми зеде пет години од животот! 

Со голема помош на Интер, екипата на Џенова успеа да обезбеди опстанок во Серија А. Во последното коло на италијанскиот шампионат, Џенова одигра само реми на гости кај Фиорентина, но Интер го совлада Емполи со 2-1 и го испрати во второлигашкото друштво. 

Нашиот репрезентативен капитен Горен Пандев повторно беше стартер во тимот на Прандели, а по мечот не го криеше задоволството и му се заблагодари на Интер за големата помош. 

„Вакво нешто не сум доживеал во мојата кариера. Овој натпревар како да ни зеде по пет години. Џенова заслужи опстанок, можеби не ваков, но среќни сме. Бевме подобри од Емполи во двомечот, но на крај требаше Интер да ни помогне. Тоа се случи и благодарен сум. Му посакувам добра сезона во Лигата на шампионите“, рече Пандев. 

36-годишниот голгетер ја одигра својата претпоследна сезона во својата кариера, откако пред извесен период објави дека со завршувањето на договорот со Џенова, завршува и неговата кариера.