Пандев: Среќен сум што пак ќе работам со Балардини, со него Џенова ќе биде различна

Македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев, одигра уште еден одличен меч за националниот дрес. Искусниот напаѓач беше и стрелец на единствениот гол во Скопје на мечот против Норвешка (2-0), а токму поради тоа италијанските медиуми пишуваат дека најверојатно ќе биде во првиот тим на Џенова на следниот првенствен натпревар против Кротоне

На овој меч свое деби ќе има и новиот предводник на тимот, Давиде Белардини, кој своевремено во редовите на Лацио краток период работеше заедно со Пандев. Токму за оваа нивна соработка, нашиот фудбалер за официјалната страница на Џенова го искажа своето задоволство и најави светли денови за тимот. 

„Навистина сум многу среќен што повторно ќе работам со Балардини. Краток период работевме заедно во Лацио, сите знаете зошто. Сега мислам дека ќе имаме доволно време подобро да се запознаеме и дека играта на тимот ќе оди во нагорна линија. Навивачите го заслужуваат тоа. Мечот против Кротоне е многу важен за нас и тој треба да биде клучниот за да се врати довербата во тимот“, вели Пандев. 

Балардини во сезоната 2010/201 и 2013 година го предводеше клубот од Џенова, но двапати заработи отказ пред истекот на договорот.