ВИДЕО: Пандев со супер-асистенција ја врати Џенова во живот во Неапол

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев уште еднаш покажа дека е класа фудбалер, со одлична асистенција на натпреварот меѓу Џенова и Наполи (1-1).

Наполитанците имаа предност со голот на Дриес Мертенс, а Џенова се врати во игра со погодокот на Лазовиќ. Балканската врска во тимот проработе, Пандев одлично асистираше до клупскиот колега, а тој ја дочека топката на волеј и ја „скина“ мрежата на Наполи.

  • Погледнете ја асистенцијата на Горан Пандев на „Сан Паоло“:

Пандев мина неколку години во тимот на Наполи и беше миленик на навивачите. Се радуваше на трофеј во Копа Италија, а потоа реши да замине за Турција, каде играше за Галатасарај.