Пандев со порака до Снајдер: Чест ми беше што игравме и победувавме заедно, голем пријателу! 

Еден од најдобрите офанзивни играчи за врска во модерниот фудбал, Весли Снајдер, вчера се реши да ја извести јавноста дека става крај на својата богата играчка кариера. 

Холандската ѕвезда зад себе остави фантастична кариера, се прослави носејќи ги дресовите на Ајакс, Реал Мадрид и Интер, а со италијанскиот гигант го оствари најголемиот успех, а тоа беше освојувањето на Лигата на шампионите. 

Во 2010 година Снајдер заедно со нашиот Горан Пандев се искачија на кровот на фудбалска Европа, а нашиот фудбалски капитен не ги заборава тие денови и преку социјалните мрежи испрати порака до некогашниот соиграч. 

„Чест ми беше што игравме и победувавме заедно, голем пријателу! Со среќа во иднина“, напиша Горан Пандев. 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

È stato un onore giocare e vincere con te amico mio....in bocca al lupo per il futuro @sneijder10official

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19) on

Со заминувањето од терените на Снајдер, Холандија остана без уште една легенда, откако во фудбалска пензија ова лето заминаа уште Робин Ван Перси и Арјен Робен.