ВИДЕО: Пандев со минимална минутажа, Џенова го остави Кротоне во опасната зона

Пандев Горан Џенова

Македонскиот фудбалер, Горан Пандев, ги одигра последните десет минути во денешната победа на Џенова против Кротоне (1-0) на својот „Луиџи Ферарис“. Со овие три бода, Давиде Балардини и неговите избраници стигнаа до 38 бода и побегнаа од опасната зона, што значи дека се многу блиску да изборат опстанок во Серија А.

Моментот на одлука му припадна на Даниел Беса кој со глава го постигна единствениот погодок на натпреварот. Гостите немаа многу шанси да возвратат, а најсериозната не ја искористи Федерико Ричи во завршните 15 минути.

Во вториот натпревар, Торино и Киево одиграа без голови, а „биковите“ направија чекор наназад во амбициите за европски излез наредната сезона. Кристијан Ансалди во два наврати се закани кон домашниот гол, но ниту тоа не донесе награда за иницијативата на гостинската екипа. Попладнево на Сардинија, Каљари го совлада Удинезе со 2-1.