Пандев со голот за Македонија се враќа во првиот тим на Џенова

Македонскиот напаѓач Горан Пандев доби нов тренер во редовите на Џенова и би можел да биде веќе во првиот тим на наредниот натпревар во калчото против Кротоне.

Пандев одигра солиден натпревар за Македонија во победата од Норвешка (2-0) и успеа да го постигне првиот гол на средбата, на одличен начин. Токму поради тоа, од „чизмата“ велат дека Пандев ќе биде прв избор за нападот на Џенова на наредната средба која ќе биде од големо значење за тимот.

Џенова е во опасната зона, со три порази во низа, а мечот со Кротоне го игра на 19 ноември.