Пандев: Сите сме разочарани, Полска никако не нѐ надигра!

Фудбалската репрезентација на Македонија има зошто да жали. Играше добро против фаворитот Полска, но загуби минимално (0-1). По натпреварот, за дуелот во Скопје зборуваше Горан Пандев , кој истакна дека против Полска загубивме несреќно и дека мора да дадеме гол со Австрија ако сакаме да победиме.

„Разочарани сме, загубивме важен натпревар. Бевме тактички добри, но примивме несреќен гол и не успеавме да се вратиме. Најреално ќе бепше реми. Полјаците немаа некој меч добар. Овој пораз е во лош момент, затоа што одигравме добро и не заслуживме да загубиме. За два дека не чека важен меч, можеби одлучувачки за второто место. Ако победиме ќе имаме шанси да бидеме втори. Сите бевме потиштени и разочарани вои соблекувална. За да успееме да победиме со Австрија, мора да постигнеме гол. Играме во иста формација на сите мечеви, мислам дека не заостанувавме зад Полјаците на овој меч. Примивме само еден случаен гол. Сега треба да се одмориме добро, затоа што следи одлучувачки меч“, изјави Пандев.

Следниот квалификациски меч на Македонија е веќе за три дена и истиот повторно е на домашен терен. Ривал ќе биде селекцијата на Австрија, која се смета за директен ривал во борбата за едно од местата кои водат на Европското првенство во 2020 година.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 4 4 0 0 8:0 8 12
2 ИзраелИзраел 4 2 1 1 8:7 1 7
3 АвстријаАвстрија 1 4 2 0 2 7:6 1 6
4 СловенијаСловенија 1 4 1 2 1 7:3 4 5
5 МакедонијаМакедонија 2 4 1 1 2 5:7 -2 4
6 ЛетонијаЛетонија 4 0 0 4 1:13 -12 0