Пандев: Сите ми велат да продолжам, го познавам моето тело и...

Пандев

Иднината на Горан Пандев останува тема околу која се вртат многу шпекулации. Сите веруваат дека добар настап на Европското првенство ќе го промени мислењето на нашиот капитен, кој најави пензија ова лето.

37-годишниот напаѓач има понуда да продолжи уште една сезона во Џенова, меѓутоа за тоа ќе одлучува по настапот со Македонија на континенталниот собир.

„Сите ми велат: „Гоги не се шегувај, мора да одиграш уште една година“. Однадвор можете да видите дека сум добро физички, но ми требаат три дена да се подготвам за натпревар. Не е лесно, чувствувам дека нешто се променило физички, а и се смени начинот на кој што се игра фудбалот.

Дали ќе играм уште една година? Тешко е, но ајде да видиме. Ајде да видиме малку по Европското првенство. Често разговарам со поранешни соиграчи, како Станковиќ, и тие ми велат: „Играј колку што можеш, секогаш има време да застанеш“. Никогаш не сум имал сериозни повреди, можеби затоа сум сè уште добро. Го познавам моето тело и знам што можам да направам“ , вели капитенот на македонската репрезентација.

Еден од најдобрите играчите во историјата на македонскиот фудбал започна во Беласица, а продолжи да се докажува во Интер, Наполи, Галатасарај, Лацио и Џенова.