Пандев се враќа на старото место, нема да биде „Пирло“ за Џенова

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев нема повеќе да има нова улога во тимот на Џенова, туку ќе се врати на старата позиција во нападот.

Пандев одредено време играше како плејмејкер на подготовките, истакна дека може да трча и тренерот на неколку меча му ја додели таа улога, но во иднина, се ќе биде поинаку. Улогата на длабоко позициониран плејмејкер во тимот во иднина ќе ја има новото засилување Ласе Шоне.

Искусниот дански фудбалер во Џенова пристигна од Ајакс и се очекува да биде главен креатор на играта. Пандев, пак, ќе игра во нападот, дали како најистурен, или како втор напаѓач, ке одлучи понатаму предводникот на тимот, Аурелио Андреацоли.

Пандев новата сезона во Серија А ја започнува на 25 август, од 20:45 часот на „Олимпико“ против Рома.