• Мартин Танасковски
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев продаде мнозинство од акциите на фудбалскиот клуб Академија Пандев и екипата ќе има нов сопственик во следната сезона.
На берзата продадени се 90% од акциите на струмичкиот прволигаш, објави „Фактор.мк“. Според објавеното, продадени се 2.250 акции за сума од 603.000 евра. Нема објавено кој е купувачот, но се претпоставува дека тоа е италијанскиот клуб Брера.
Се работи за третиот клуб од Милано, по Интер и Милан, со кој Горан Пандев имаше активни преговори подолг период, а и беше гостин на повеќе настани организирани од екипата околу бизнис-климата.
Академија Пандев е близу да обезбеди опстанок во елитното друштво. Од актуелните акции, останати се само 250 акции кои се во сопственост на Горан Пандев.