Пандев: Овој гол е еден од најубавите во мојата кариера!

Италијанската јавност остана одушевена од голот на Горан Пандев во победата на Џенова над Верона со 3-1 во рамките на 34. коло на Серија А. Струмучанецот по натпреварот истакна дека ова е можеби и најубавиот гол во кариерата. 

„Ова е еден од моите најубави голови, но денес најважна е победата. На почетокот опстанокот беше подвиг, но со Балардини на клупата освоивме многу бодови. Сега ни преостануваат четири натпревари и можеме да ги одиграме мирно, можеме да се забавуваме. Благодарност до публиката која секогаш ни даваше поддршка и возвративме со обезбедивме опстанок“, истакна Пандев.

Пролетва на својот „Луиџи Ферарис“ Џенова игра со континуитет на добри настапи и резултати, а резултат на тоа се победите против екипи од горниот дел на табелата и обезбедениот опстанок во лигата.