• Сашо Поповски

Џенова ќе се соочи со Јувентус во осминафиналето на Копа Италија. Тоа ќе го направи без неколку фудбалери, меѓу кои е и Горан Пандев.
Нашиот репрезентативен капитен и натаму го чека првиот настап во новата година. Неговата повреда датира од дуелот со Специја на крајот од декември, но последните информации велат дека истата е санирана.
38-годишниот напаѓач ги пропушти последните три меча на својата екипа, а нема да може да помогне и на дуелот со фаворизираниот тим од Торино. Тренерот Давиде Балардини не сакаше да ризикува со македонскиот фудбалер и го остави надвор од тимот, иако не е на листата повредени играчи.
Дуелот меѓу Џенова и Јувентус се игра вечерва со почеток од 20:45 часот. Во останатите денешни дуели се среќаваат Фиорентина и Интер, односно Наполи и Емполи.
L’elenco dei convocati per #JuventusGenoa di Coppa Italia. pic.twitter.com/UrpDT5X4WU
— Genoa CFC (@GenoaCFC) January 12, 2021