• Иван Димовски

Фудбалерите на Фиорентина ја декласираа Џенова на својот „Артемио Франки“ со 6-0 (3-0), во рамките на 22. коло во италијанската Серија А. Иако „грифоните“ сметаа дека отказот на Андриј Шевченко е неминовен, веднаш во првиот дуел без Украинецот на клупата доживеаја огромен дебакл.
Македонскиот интернационалец Горан Пандев остана на клупата и не доби шанса да заигра во овој тежок пораз.
- Извештај од натпреварот:
Фиорентина беше убедлива, на самиот старт пенал не реализираше Душан Влаховиќ. Сепак, бргу потоа Алваро Одриозола стрелаше за водство од 1-0, а до полувремето погодуваа Џакомо Бонавентура и Кристијан Бираги.
Во вториот дел агонијата на Џенова ја продолжи Влаховиќ кој зголеми на 4-0. Во продолжението својот втор погодок го постигна Бираги, а конечните 6-0 ги постави Лукас Тореира во 77. минута. Фиорентина има 35 бода и се наоѓа на шестата позиција, а Џенова е претпоследна со 12 бода.