Пандев: Одигравме одличен циклус, да ни го нудеа третото место - веднаш ќе го прифатевме!

Победата над Израел на Македонија и донесе трето место во групата Г. Најзаслужна за тоа, покрај нашата борбена игра и славјето во Скопје во последното коло, е Полска, која ја оправда фаворитската улога и ја надигра Словенија.

ПОВРЗАНО>> ИСТОРИСКО ТРЕТО МЕСТО: Македонија преку Израел до најдобар пласман во евро-квалификациите! (ВИДЕО)

Нашиот најдобар поединец Горан Пандев по натпреварот изјави дека третото место е голем успех за оваа генерација, која според него заслужува и пласман на Европско првенство.

„Одигравме еден одличен циклус, да ни понудеше некој дека ќе освоиме трето место, веднаш ќе прифатевме. Знаевме дека ќе мора да ги победиме фаворитите Полска и Австрија за да одиме на Европско првенство. Токму тие натпревари и поразите ни ги намалија шансите за пласман.

Сега со нетрпение го очекуваме март и мислам дека заслужуваме да играме на Европско првенство. Оваа генерација може, се надеваме дека ќе ја израдуваме македонската јавност. Имаме долго време до натпреварот со Косово, на кој мислам дека имаме големи шанси. Публиката ќе биде нашиот 12-ти играч...“, изјави капитенот.

ПОВРЗАНО>> Мисијата исполнета, овие момци заслужуваат ЕП – нека му ја мисли Косово!

Македонската репрезентација ги заврши евро-квалификациите со четири победи, две реми средби и четири порази.

Ситуацијата би била далеку поразлична доколку одигравме и се изборевме за подобри резултати против фаворитите Полска и Австрија.