ВИДЕО: Пандев одигра еден час во победата на Џенова кај Кротоне

Џенова победа

Македонскиот напаѓач Горан Пандев по подолго време се врати во почетниот состав на Џенова, која запиша три бода со минималната победа на гости кај Кротоне (0-1).

По три последователни порази, тимот на Давиде Балардини конечно и се израдува на втората сезонска победа. Трите бода донесоа и излегување од опасната зона на табелата, која води во понизок ранг.

Единствениот погодок на натпреварот беше дело на Лука Ригони, кој уште во 11. минута го постави конечниот резултат.

Џенова ќе се надева на продолжување на серијата во следното коло, кога ќе има тешка задача и ќе ја пречека Рома, која игра во одлична форма оваа сезона.