• Сашо Поповски

Горан Пандев го одигра целиот натпревар во победата на неговата Џенова против Торино од 3-2 (2-2). Домашната екипа беше шокирана на стартот, откако Имобиле постигна два прекрасни погодоци за 0-2, веќе по 15 минути игра. Домашните фудбалери се вратија во игра до полувреме. Черчи беше успешен егзекутор на два казнени удари, кои ги доби Џенова, за на полувреме да се замине со 2-2. Конечниот резултат и радоста на домашната публика ја донесе Ригони во 66. минута.
Нашиот Пандев имаше солиден настап и го одигра вториот последовен натпревар на домашен терен од самиот старт.
Рома се издвои на третото место, по победата на гости кај Удинезе 1-2 (0-1). Един Џеко го отвори резултатот во 14. минута, на асистенција на Салах. Флоренци зголеми на 0-2 на 15 минути до крајот, а конечниот резултат го постави Фернандез во 85. минута.
Во останатите резултати, Карпи го победи Фросиноне со 2-1, а Фиорентина одигра само 1-1 против екипата на Верона, примајќи гол во последните моменти од натпреварот.