ВИДЕО: Пандев одигра цел меч, Џенова пак не победи и стравува опстанок во Серија А! 

Екипата на Џенова продолжува со лошите резултати во клучниот дел од сезоната, откако и на деветтиот натпревар во низа во Серија А не успеа да ги израдува своите фанови со победа. 

Попладнево во вториот натпревар од 37. коло на италијанскиот шампионат, Џенова одигра само 1-1 против Каљари и е сè поблиску до испаѓање во Серија Б. Нашиот репрезентативен капитен Горан Пандев ги одигра сите 90 минути, но не успеа да ѝ помогне на својата екипа да стигне до посакуваната победа. Стрелци на головите беа Паволети за 0-1, додека конечните 1-1 ги постави Кришито од пенал во 89. минута. 

  • Извештај од натпреварот: 

Со овој бод, Џенова останува на 17. позиција на табелата со 37 бода, само два повеќе од Емполи кој е 18-ти, но има и меч помалку, утре против Торино. Во следното коло, кое е последно во оваа сезона на Серија А, Џенова опстанок ќе брка на гости кај Фиорентина.