Пандев: Не ни требаат негативци, туку само луѓе што ја сакаат Македонија!

Во име на националниот тим на Македонија пред квалификацискиот натпревар против Словенија, говореше капитенот Горан Пандев. Нашиот најискусен фудбалер пред медиумите истакна дека очекува голема поддршка од трибините, без негативна енергија, за позитивен резултат против Словенија.

„Расположението и атмосферата кај нас е на највисоко ниво. Со нетрпение го очекуваме овој натпревар и знаеме што носи победа на овој меч. Мора да одиграме на ниво. Ако Словенија се надева дека може да биде втора, можеме и ние. Не гледам каде Словенија е подобра од нас на теренот. Знаеме со каков квалитет располагаме, иако ни фалат двајца играчи. Ветувам дека ќе изгинеме на терен. Очекувам голема поддршка, не ни требаат негативци што ја напаѓаат репрезентацијата. Се надевам дека ќе дојдат луѓето што не сакаат. Не бараме којзнае колаква бројка, само да добиеме вистинска поддршка од луѓе што ја сакаат репрезентацијата на Македонија. На првиот натпревар можеби заслуживме и да победиме, но не успеавме, ама ќе се обидеме да надокнадиме на мечот во Скопје“, изјави нашиот најдобар фудбалер.

Нашиот национален тим се уште е во игра за второто место на табелата во групата и по шест одиграни кола има осум бода. Пред нас се Австрија со 10, Словенија со 11 и Полска со 13 бода.

Средбата на Арената „Тодор Проески“ меѓу селекциите на Македонија и Словенија се игра в четврток од 20:45 часот.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 7 2 2 3 12:14 -2 8
6 ЛетонијаЛетонија 7 0 0 7 1:24 -23 0