ВИДЕО: Пандев не настапи, Џенова го прескокна Кротоне и закажа осминафинале со Јуве

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев не настапи, а неговата Џенова по ремито против Рома во шампионатот во неделата, вечерва запиша уште еден позитивен резултат, откако обезбеди пласман во осминафиналето на Купот на Италиа. На „Мараси“, екипата на Џенова го совлада Кротоне со 1-0 (0-0).

Дуелот се одигра по лош тревник и полупразно гледалиште, а единствениот гол на натпреварот го постигна Миљоре во 54. минута. Лападула имаше серија на шанси за втор гол, но неколку пати не реализира изгледни шанси.

Во осминафиналето ривал на Џенова ќе биде бранителот на титулата во Купот, Јувентус. Претходно попладнево, Удинезе ја победи Перуџа со 8-3 и обезбеди осминафинале на Купот на Италија.