Пандев: Марота ме запраша за Елмас, се надевам дека тој ќе се одлучи за Интер

Пандев Елмас

Името на Ељиф Елмас се поврзува со голем број на европски екипи, меѓу кои е и Интер.

Клубот го посакува во своите редови, а информации за него побара од Горан Пандев, поранешната ѕвезда на клубот. 

„Џузепе Марота ме запраша за Елмас. Преговорите меѓу двете страни се интензивни и јас искрено се надевам дека тој ќе се одлучи за Интер.

Моменталниот систем е идеален за Ељиф. Мојата работа, сепак, ја завршив. Сега ќе оставам тој да ја донесе конечната одлука“, вели капитенот на македонската репрезентација.

Моментално младиот талент настапува во Фенербахче кој ќе има тешка задача да го задржи во своите редови.

За Елмас наводно се испратени понуди од многу англиски, германски и италијански екипи.