Пандев ќе потпише нов едногодишен договор со Џенова

Горан Пандев Џенова

Денес требаше да се одигра долгоочекуваниот меч против Косово, во рамки од плеј-офот на Лигата на нации. Капитенот Горан Пандев се очекуваше да ја предводи нашата репрезентација на патот до Европското првенство, но наместо тоа се случи пандемијата со коронавирусот, па ситуацијата околу нашите надежи за пласман на големиот турнир се искомпликува.

Нашиот најдобар фудбалер потврди дека ќе продолжи да игра уште една година, а медиумите во Џенова тврдат дека тоа ќе биде на „Луиџи Ферарис“. Наводно, 36-годишникот ќе потпише нов едногодишен договор со калчолигашот и таму ќе ја заврши богатата кариера.

Добриот однос со претседателот и навивачите ќе му помогне да ја оствари својата желба. Тој се надева дека добрата форма од Серија А ќе му овозможи да биде максимално подготвен за полуфиналниот дуел со косовската репрезентација. Доколку работите одат според планот, истиот ќе се одигра на 4 јуни во Скопје.

Пандев е најдобриот стрелец на екипата, заедно со Доменико Кришито, со седум реализации во тековната сезона. Неговото искуство го прави исклучелно важен за тимот кој неколку сезони наназад се бори за опстанокт во италијанската елита.

Македонскиот репрезентативец игра во Џенова од 2015 година, кога се врати во Италија од редовите на Галатасарај.