Пандев ќе ја одложи пензијата поради Европското првенство

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев најави дека ќе игра уште една сезона, но, поради коронавирусот многу веројатно ситуацијата ќе се промени и тој ќе остане уште една година на зелените терени, пишуваат од „чизмата“.

Сон на Пандев е со Македонија да игра на Европското првенство. Континенталниот шампионат е поместен, наместо во 2020 година ќе се игра во 2021 година, а исто така се поместени и баражите за пласман на првенството.

Најголемата македонска фудбалска ѕвезда во неколку наврати потенцира дека за него ова е последна сезона и дека сака да игра на Европското првенство со нашиот национален тим, па речиси сигурно е дека ќе дојде до промена на планот. Од целата ситуација сигурно ќе профитира и Џенова, која ќе добие искусен играч на уште 365 дена.

Пандев долги години настапува во Серија А, а дресот на Џенова го носи од 2015 година. За тимот има 115 меча на кои даде 19 гола. Оваа сезона која е прекината за него е најплодна, затоа што на 22 натпревари запиша седум гола.