Пандев ќе биде „џокерот“ на Џенова во големото градско дерби

Горан Пандев важи за играч кој знае да игра големи натпревари. Така ќе биде и за Џенова, во градското дерби со Сампдорија, каде капитенот на македонската фудбалска репрезнетација ќе ја преземе улогата на лидер.

Пандев ќе биде главен во нападот, затоа што „грифони“ имаат голем број на повредени играчи и тренерот нема алтернатива. Друштво се очекува да му прави Марко Пјаца, кој го победи ковид-19 и ќе се „загрева“ со настап во Купот.

Сампдорија игра на домашен терен и ја има благата фаворитска улога, а дополнителен мотив се трите победи во низа. Џенова, пак, три кола по ред нема успех, но баш градското дерби е идеална шанса за докажување.

Натпреварот меѓу Сампдорија и Џенова се игра в недела од 20:45 часот.