ВИДЕО: Пандев ја разигра Џенова во Купот на Италија

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев ги одигра последните дваесет минути на мечот меѓу Џенова и Асколи во Купот на Италија, но го разигра тимот во победата од 3-2 (1-0) и пласманот во наредната фаза.

  • Извештај од натпреварот: 

Пандев го почна дуелот на клупата за резерви, а влезе на терен при резултат 1-2 за гостинот. Само една минута по влегувањето на Македонецот, Џенова постигна гол преку Кришито за 2-2, а подоцна, во 79. минута Пинамонти го направи пресвртот.

Претходно, за Џенова погоди Пинамонти во 14. минута за 1-0, додека во вториот дел, во 48. и 68. минута во мрежата на фаворитот стрелаа Берета и Кришито кој си даде автогол, за предност на Асколи (1-2).

Покрај Џенова, наредна фаза во Купот на Италија слави и Кремонезе, кој како домаќин со 1-0 (1-0), со голот на Клејтон во 35. минута беше подобар од Емполи.