• Саше Љолес
Интер по седми пат се пласира во финале на Купот или Лигата на шампионите и само еден натпревар и една победа го дели од четвртата европска титула. Легендарниот Горан Пандев се осврна на големиот успех што го оствари неговиот поранешен клуб, упатувајќи огромни пофалби за целиот колектив на Симоне Инзаги.
„Гранде“ Пандев зборуваше за тимот на „нераѕурите“ и ја нарече екипата „едно големо семејство“, истакнувајќи ја важната улога на сите фудбалери.
„Индивидуалецот може да добие сам неколку мечеви, но ако немате добар колектив никако не можете да ја освоите Лигата на шампионите. Фратези е компллетен играч, игра одлично во одбрана, а исто така може да дојде и до двоцифрен голгетерски учинок. Некогаш е тажно што не добива поголема шанса во првиот тим.
Лаутаро беше повреден и цела недела не тренираше, но се појави на терен и делуваше како движечка сила за целиот тим. Уште еднаш ја докажа својата вредност и големина како лидер. Чалханоглу е студиозен, ги проучува голманите и знае каде им се најслабите точки. Многу интелигентен фудбалер.
Дамфрис гледа простор и веднаш го освојува. Му асистираше на Лаутаро и на крајот видовме дека беше преморен“, рече Пандев.
Интер само шеснаесет минути оваа сезона во Лигата на шампионите имаше негагивен резултат, а загуби само во првата фаза против Баер Леверкузен.