Пандев има понуда на маса, останува уште една сезона во Џенова

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев веројатно ќе го продолжи договорот со Џенова и ќе игра во Серија А и во сеозната 2019/20. Струмичанецот на маса има понуда за едногодишна соработка, што и беше целта на нашиот најдобар фудбалер.

Така, би играл компетитивен фудбалер уште 12 месеци и би го продолжил сонот да ја предводи Македонија на Европското првенство следната година. Македонскиот ас одигра четири сезони за најстариот клуб во Италија.  

Пандев сезонава одигра 26 меча во италијанската Серија А и постигна четири гола во турболентниот шампионат на Џенова, која едвај во последното коло обезбеди опстанок. 

Се предвидува дека наскоро договорот ќе биде официјализиран. Џенова во новата сезона ќе ја води нов тренер, откако на местото на Прандели пристигна Андреацоли.