Пандев има нов тренер, Андреацоли е наследникот на Прандели во Џенова

Горан Пандев има нов тренер во италијанскиот прволигаш Џенова. Само неколку недели откако Клаудио Чезаре Прандели објави дека нема повеќе да ја води екипата, Аурелио Андреацоли се согласил да ја преземе жешката клупа на „Луиџи Ферарис“. 

Џенова едвај се спаси од испаѓање, а лигата на напушти Емполи, клуб кој го водеше Андреацоли. Новиот тренер ќе потпише тригодишен договор, ќе биде претставен следната недела, а неофицијално ќе добива по 700 илјади евра по сезона.

Пандев се надева на нов договор како би ја завршил кариерата во Џенова и би играл во континуитет во годината на Европското првенство.