ВИДЕО: Пандев им се врати на головите, стрелаше против Аталанта!

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев им се врати на головите во Серија А и погоди на мечот против Аталанта (2-1) кој се игра во рамки на 36. коло во италијанското калчо.

Пандев влезе од клупа во 50. минута, а пред самиот крај на мечот погоди во противничката мрежа. Македонецот стрелаше по една добро комбинирана акција, откако доби топка и од прва даде нов гол во Серија А.

  • Голот на Пандев против Аталанта:

За популарниот „Гранде Пандев“, ова беше четврти гол во Серија А сезонава, или прв по мечот против Јувентус одигран во месец март.