Пандев и соиграчите делеа подароци за најмладите пред Велигденските празници 

На неколку дена до Велигденските празници, најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев и неговите клупски другари Лазовиќ и Беса делеа подароци на деца во Институтот за грижа на деца од Џенова. 

Најмладите им се радуваа на професионалците на Џенова и добија подароци пред празниците.

Дечињата се фотографираа со своите идоли и скоро еден час останаа во институтот во Џеноцва

Екипата на Горан Пандев во празничното коло утре попладне го пречекува Торино.