Пандев и како резервист поставува рекорди во Серија А

Пандев

Горан Пандев влезе од клупата за резерви на дуелот со Кротоне и израмни апсолутен рекорд во Серија А.

Македонската фудбалска легенда 154-ти пат запиша минутажа како резервист и се израмни со Серхио Пелисие, како фудбалери со најмногу појавувања на теренот од резервната клупа.

37-годишниот напаѓач во тековната сезона одигра 15 меча во дресот на Џенова и запиша само еден погодок.

Неговата екипа чекори кон опстанок во италијанската елита и засега стои на солидно растојание од опасната зона.