Пандев и Џенова продолжуваат заедно и следната сезона

Целта е остварена и од денес може да се планира иднината. Македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев нема да ја остави ниту Џенова, ниту нашиот национален тим и ќе продолжи да игра уште една година. 

Пандев со асистенција и уште една одлична партија помогна да се обезбеди прволигашкиот статус и со девет гола сезоната ја заврши како најдобар клупски стрелец. 37-годишниот струмичанецот на својот Инстаграм профил обелодени дека ќе игра уште една сезона на „Луиџи Ферарис“.

„Беше долга и тешка сезона, во која фудбалот не беше во преден план. Обезбедивме опстанок и среќен сум што играм за клуб како Џенова. Моето срце е „црвено-сино“ веќе подолго време. Оваа сезона заврши, следната е веќе пред нас. Би сакал повторно да ги доживеам прегратките со навивачите, навивањето на луѓето, атмосферата на „Мараси“. И следната сезоне сме заедно“, порача Пандев.

Планот на Горан Пандев е по завршувањето на следната сезона со Џенова, да ја предводи македонската репрезентација на Европското првенство. За исполнување на неговите планови потребно е нашиот национален тим да се квалификува на континенталниот собир.  

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.