Пандев: Ги предупредив моите пријатели од Италија за опасноста од Македонија

МКД

Горан Пандев ги предупредил своите италијански пријатели дека плеј-оф полуфиналето за нивната репрезентација против Македонија нема да биде лесно како што се очекува.

Така и беше, бидејќи Александар Трајковски во завршницата погоди за 0-1 и конечна победа на македонските фудбалери. Со тоа се исполни најавата на поранешниот капитен на нашата репрезентација пред мечот во Палермо.

„Моите пријатели од Италија ми велеа дека натпреварот ќе биде лесен, дека Македонија ќе загуби со многу голови и дека тоа ќе биде меч на подготовка пред финалето од плеј-офот. Ги предупредив да внимаваат, дека Македонија е опасна во контранапад. Се чувствувам половина Италијанец, моите деца се родени овде, но јас навивав за мојата репрезентација“ , изјави Пандев.

Поразот беше голем удар за „аѕурите“ и Роберто Манчини. Италијанската репрезентација нема да игра на втор Мундијал во низа, што донесе големо разочарување за фановите на „чизмата“.