Пандев: Елмас подобро се чувствува во Серија А отколку во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас зимава се врати во Серија А. Откако не успеа да се наметне во РБ Лајпциг, Елмас донесе одлука одново да заигра во најсилниот италијански шампионат и се пресели во редовите на Торино.

25-годишниот играч за врска токму во Серија А го мина досега најдобриот период во кариерата, откако блескаше во дресот на Наполи и го освои скудетото. Сега се очекува Торино да биде негова нова отскочна даска во кариерата. За новиот клуб на нашиот „дијамант“ зборуваше Горан Пандев, кој истакна дека Елмас се чувствува подобро во Серија А, отколку во Бундеслигата. 

„Елмас направи правилен потег што се врати во Италиј. Мислам дека се чувствува подобро во Серија А, отколку во Бундеслигата“, рече Пандев.

Елмас сè уште чека на своето деби во дресот на Торино, против Џенова остана на клупата за резерви, а следна шанса за настап ќе има викендов на натпреварот против Болоња.