Пандев: Елмас ќе биде среќен во Италија, Наполи е идеален клуб за него!

Горан Пандев отвори многу врати за македонските фудбалери во Серија А, а Ељиф Елмас може да го следи неговиот развоен пат и многу млад да се пресели на „чизмата“. Интересот на Наполи е повеќе од интерес, а Пандев откри за „Скај Италија“ што мисли помладиот репрезентативен колега за премин во Серија.

„Ељиф, иако е млад, е еден од најдобрите млади фудбалери во Европа. Ако Наполи го ангажира, ќе заврши голема работа. Разговарав со него, вели дека ќе биде среќен ако дојде во Италија“, краток беше Пандев.

Медиумите од Неапол, кои се добро упатени во состојбите во клубот, сметаат дека само детали го делат младиот скопјанец од премин на „Сан Паоло“. Клубот од под Везув се согласил да ја плати бараната сума, но детали околу бонусите се последната пречка.

Ако се испостават како точни нивните проценки, до крајот на неделата Елмас треба да стане нов фудбалер на Наполи и да се приклучи на новите соиграчи на подготовките во Кастел Волтурно.

Горан Пандев од 2011 до 2014 година беше фудбалер на Наполи.