Пандев единствен од екс-ју просторите со 100 гола во Серија А

Пандев Балкан

Двата гола против Беневенто го направија Горан Пандев во единствен фудбалер од екс-ју просторите со сто погодоци во италијанска Серија А.

На второто место од балканските фудбалери е Црногорецот Мирко Вучиниќ со 96, а од активните играчи третопласиран е Јосип Иличиќ со 93 гола.

ИСТОРИЈА: Гранде Пандев даде два гола и влезе во „клубот 100“ во Серија А! (ВИДЕО)

Един Џеко е четврти со 85, а Дејан Станковиќ во кариерата мината на „чизмата“ реализира 51 погодок.

Пандев ги постигна головите носејќи ги дресовите на Лацио (48), Џенова (27), Наполи (19), Интер (5) и Анкона (1)