Пандев е во Италија, во вторник го потпишува новиот договор со Џенова

Пандев

Горан Пандев се врати во Италија, што значи дека во текот на наредната недела ќе стави потпис на новиот договор со Џенова.

Одморот за македонскиот фудбалер заврши, па наскоро се очекува тој да им се приклучи на подготовките на екипата. „Газета дело Спорт“ пишува дека веќе во вторник ќе биде официјализиран кам-бекот на 38-годишниот напаѓач.

Ветеранот планира да одигра уште една сезона, а потоа да му каже збогум на фудбалот. Во текот на летниот период, Пандев заврши со репрезентацијата на Македонија, со која настапи на Европското првенство.

Неговото искуство ќе биде дополнителен адут за Џенова, која се надева дека во наредната сезона ќе прикаже добра игра и ќе избегне тешка борба за опстанок, како што беше случајот во изминатите години.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.