ВИДЕО: Пандев дојде на два гола од „стотката“, реми на Џенова и Удинезе

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев се запиша во листата на стрелците за Џенова и го најави ремито (1-1) против Удинезе на Илија Несторовски во рамки на Серија А.

Нашиот најтрофеен фудбалер успеа да стрела во осмата минута од натпреварот на „Луиџи Ферарис“ по асистенција на Кевин Стротман и дојде на два чекора од „стотката“ во Серија А. Пандев (37) досега има 98. гола за Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова, па му фалат уште два да дојде до голем јубилеј.

Што се однесува до мечот, Удинезе дојде до реми во 30. минута откако Кришито направи пенал, а реализира Де Пол. На десет минути пред крајот во игра влезе Илија Несторовски, кој веднаш имаше добра шанса, ама обидот профуче крај десниот дирек.

Пред самиот крај, во екстра-времето, Џенова двапати се најде во прекрасна позиција преку Ваљон Бехрами и Марко Пјаца, но и двајцата не успеаја да го најдат патот до мрежата на „зебрите“ од Удине.