ВИДЕО: Пандев доби 25 минути, Михајловиќ поцрвена, Џенова се спаси

Македонскиот фудбалер Горан Пандев забележа нов настап во Серија А и влезе во игра за Џенова, во ремито против Болоња (2-2) во рамки на петтото коло во најквалитетниот италијански фудбалски шампионат.

  • Извештај од натпреварот:

Пандев стартува на клупата за резерви, а на терен се најде во 68. минута кога влезе на местото на Хернани. Македонскиот фудбалер немаше голгетерски ниту асистентски учинок, но влијаеше на играта на неговата екипа.

Што се однесува до натпреварот на „Ренато Дал'Ара“, сите четири гола паднаа во второто полувреме. Прва поведе Болоња преку Хики во 49. минута, а пет минути подоцна Дестро изедначи на 1-1. Предноста за домашните ја врати Арнаутовиќ од пенал во 85. минута, но најстрога казна доби и Џенова, која во 87. минута во гол ја претвори Кришито.

Во финишот на мечот поради протести црвен картон заработи тренерот на домашните, Синиша Михајловиќ. Џенова го освои четвртиот бод оваа сезона, додека Болоња има осум бода.

Состави

Sinisa Mihajlovic

4-4-2

    Davide Ballardini

    4-4-2