Пандев: Целта на мојот клуб е Европа, се надевам и на нов Горан!

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев е во Бугарија каде во живо ги следи пријателските натпревари на својот тим. Во изјава за „Спортал.бг“, тој истакна дека целта оваа година е Европа, односно неговиот клуб да биде меѓу најдобрите три екипи во ПМФЛ.

„Целта е оваа година да се бориме за Европа, имаме неколку играчи на проба, треба да дојдат уште три до четири играчи да се комплетира екипата. Треба да се бориме за првите три места на табелата. Знаеме првенството во Македонија е изедначено, нема да биде лесно, ама имаме добар тренер и млади играчи, ако ги погодиме засилувањата од странство, сигурен сум дека ќе имаме добра сезона. Се надевам дека во иднина ќе излезе еден нов Горан Пандев, најважно е сите да тренираат и да играат, тоа е најважно“, изјави Пандев.

Академија Пандев во новата сезона ќе биде предводена од Александар Васоски, а полека се гради тим кој треба да биде конкурентен на најдобрите екипи во шампионатот. Новата сезона стартува на 7/8 август.