Панчев: Западното лицемерие ја победи Црвена Звезда!

Не стивнуват реакциите по натпреварот меѓу Милан и Црвена Звезда, а сега на истите се приклучи и македонската легенда Дарко Панчев. 

Поранешниот напаѓач кој со Звезда беше европски и светски првак сериозно ги критикуваше случувањата. Популарниот „Кобра“ нагласи дека српскиот тим е драстично оштетен.

„За жак не можеме да пронајдеме правда. Ако тоа се случеше во шеснаесетникот на Милан сигурно ќе се досудеше прекршок, немаше ниту да се оди до ВАР собата. Толку за чесноста. Лицемерноста на западот кон клубовите од истокот доби нова потврда и димензија. Играч на Милан турна играч на Звезда. Играв фудбал, знам што е дуел, а што фаул. Брука и срамота.

Звезда заслужи барем бод, па можеби и три. Да не навлегувам, најдобар опис е само: Штета!“, изјави Панчев за „Спортклуб“.

Голот на одлука го постигна Тами Абрахам, откако претходно погодуваа Рафаел Леао и Немања Радоњиќ. „Росонерите“ на крајот стигнаа до за себе многу важна победа.

Состави

Серџо Консеисао

4-2-3-1

    Владан Милојевиќ

    4-2-3-1