Панчев со пехар на платно и шоу на „Делии“ во чест на Токио: „Пееше тогаш цела планета...“ (ФОТО)

На осми декември во 1991 година во Токио екипата на Црвена Звезда беше крунисана во светски клупски првак, откако во тогашниот Интерконтинентален куп го совлада Коло Коло со убедливи 3-0. 

Во тој тим на Звезда играа Илија Најдовски и Дарко Панчев, а славната македонска „деветка“ беше и стрелец во мечот со чилеанскиот ривал. Во чест на тој натпревар и годишнината која всушност е в недела навивачката група „Делии“ на мечот на Црвена Звезда и Текстилац решија да направат шоу. 

Освен пиротехничкото шоу со многу огномет навивачите на српскиот тим истакнаа и кореографија. На фотографијата беше Дарко Панчев со трофејот освоен во Токио, а на горниот и долниот дел од трибината имаше порака: „Пееше тогаш цела планета, дека нашата Звезда е светски првак“. Звезда мечот го доби со убедливи 6-0 и се загреа за дуелот против Милан во Лигата на шампионите.