Панчев: Ц. Звезда покажа дека може со сите, им се приближи на најдобрите

Златната копачка од Македонија, Дарко Панчев, направи анализа на играта на Црвена Звезда оваа сезона во Лигата на шампионите каде тимот забележа две победи, ама не успеа да пројде во следната рунда.

Во изјава за „Спорт Клуб“, Панчев говореше по последниот меч против Јанг Бојс во Берн кој „црвено-белите“ успеаја да го добијат со 1-0 со голот на Канга.

„Добиено е нешто друго, се научи дека можеме да се носиме со сите екипи од овој нов формат на најголемото европско клупско натпреварување. Најосновното што Звезда го доби: Добар впечаток. Потоа, тука е играта на тимот која не беше соодветно наградена на некои натпревари. Се лансираа нови имиња, се стекна ново искуство, постојат најави дека ќе има доста подобрувања на повеќе полиња во следната сезона. Јас верувам во тоа. Во исчекување сум на она што ќе ни пристигне, се надевам дека ќе се има поповолна ждрепка од претходната“, изјави Панчев.

Црвена Звезда само со двете победи во Лигата на шампионите заработи 4,1 милиони евра, тоа се пари од УЕФА, а дополнително има и профит од спонзори, ТВ-права, реклами...

Состави

Giorgio Contini

4-4-2

    Владан Милојевиќ

    4-2-3-1