ВИДЕО: „Панцерите“ се во лоша форма, Австрија поуспешна во дербито на соседите

Репрезентацијата на Австрија приреди изненадување и ја совлада Германија со 2-0 во пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена. 

  • Извештај од натпреварот: 

Селекторот на „панцерите“, Јулијан Нагелсман, малку експериментираше со составот, а тоа донесе иензнадувачка победа за незгодниот австриски тим кој ги „реши“ соседите со по еден гол во двете полувремиња. Првиот погодок беше дело на Марсел Сабицер во 29. минута, а резултатот на паузата беше 1-0 за домаќините. 

Стартот на второто полувреме не го донесе тоа што го очекуваа гостинските навивачи. Германија остана со играч помалку по исклучувањето на Лерој Сане во 49. минута, а потоа Австрија успеа да стави печат на победата и со голот на Баумгартнер во 73. минута, беа поставени конечните 2-0 на овој натпревар. 

Ова беше дури петти пораз за Германија во последните десет натпревари и нивната форма е променлива и загрижувачка пред Европското првенство, чие домаќини се токму тие.