„Панцерите“ се скоро оние вистинските, Романија нова пречка на Германија

Германија

Германците мора да победат на овој натпревар. Да, да, знаеме - „панцерите“ во моментов се во фаза на гасеница која се претвора во пеперутка. Тие се чувствителни, збунети се, по „зилион“ години имаат нов селектор (Ханси-Дитер Флик), а со оној што ги водеше „векови“ (Јоаким Лев беше на клупата од јули 2006 година), не можеа да се пофалат со резултатите во последно време, па беа елиминирани во осминафиналето од Англичаните на ЕП. Исто така, нам ни е јасно дека тие загубија во овие квалификации од Македонија во март, и тоа дома. И да бидеме реални, Романија не е послаба од Македонија. Сепак, тоа не го менува нашиот став - сè освен кец ќе биде огромно изненадување.

Сите квоти на MOZZART од натпреварите во квалификациите за СП >>>

Од промената на клупата, домашниот тим знае само за победи. Секако, во прашање се селекции кои не можеа да се пофалат со никаков квалитет, но по неуспехот на континенталниот шампионат, секој триумф со повеќе од три гола значи многу за самодовербата на тимот, а Германците беа многу испукани во септември. Во исто време, сите го фалат новиот дух што го донесе Ханси Флик, кој е подготвен да добие совети и препораки од сите тренери во Бундеслигата, дури и оние чии клубови немаат играчи во националниот тим.

Сите квоти на MOZZART од натпреварот Германија - Романија >>>

Избраниците на Мирел Радои, исто така, би можеле да бидат задоволни со резултатите во претходниот месец, но едноставно не можат со овој ривал. За квалификациските натпревари во октомври, Флик покани четворица фудбалери кои сè уште имаат право да играат за младата селекција, но се сомневаме дека некои од нив ќе започнат. Романците, кои се борат за второто место на табелата, знаат да играат тврдо, сепак, сега покрај кецот очекуваме 2-3, па пробајте ја и комбинацијата.